Повторно вее снег - на овие места најстудено утринава

Како што најавија метеоролозите, снегот продолжи да вее и утринава во Скопје.

Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи, во Пожаране се наврнати 16 сантиметри, во Крива Паланка 10, во Тетово 8, во Битола 5, во Лазарополе 4, во Дебар и Тополчани 3, а во Скопје, Крушево и Претор 2. Најмалку снег, само еден сантиметар има наврнато во Демир Капија и Виница.

За денес се најавува облачно, студено и ветровито време со врнежи до снег особено претпладне. На места поради ниските температури ќе има појава на голомразица, а ветерот ќе предизвика и појава на снежни наноси. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе се движи во интервал од -1 до 3 степени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.12.2018 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега