Каменос распали: Не знам од каде му се парите на Коцијас, но знам кој прв го смисли „Северна Македонија“

Грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос, го повтори своето противење на Преспанскиот договор повикувајќи го претседателот Прокопис Павлопулос да го повика Советот на политички лидери и да ја укине спогодбат доколку таа „не ја заштити Грција од иредентизмот на својот северен сосед“.

Каменос, исто така, ја нападна поранешната министер за надворешни работи и пратеник на Нова Демократија, Дора Бакојани, сестра на опозицискиот лидер Киријакос Мицотакис, велејќи дека името “Северна Македонија” е “нејзин производ”. Исто така, го искритикува и поранешниот министер за надворешни работи, Никос Коцијас, кој го потпиша Преспанскиот договор летоска.

“Овој човек, за кој не знам од каде ги добива парите, го критикува АНЕЛ. Јас му кажувам директно и јасно – ние сме во политиката да ги бркаме таквите како Коциас, неизбрани од грчкиот народ “, рече Каменос.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.12.2018 - 15:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега