Утре средба Филе-Попоски во Њујорк

 

Во текот на утрешниот ден, еврокомесарот за проширување, Штефан Филе, во Њујорк ќе оствари средба со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, јави МИА.

Филе ќе одржи работен ручек со министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан, меѓу кои ќе биде и македонскиот министер Попоски.

Потпаролот на Филе, Петер Стано, го потврди утрешниот состанок за МИА, не прецизирајќи што ќе биде темата за која ќе се разговара на средбата. Најверојатно ќе се разговара за пристапниот процес на Република Македонија и останатите земји од регионот кон Унијата.

25.09.2013 - 12:18

најчитано сега