Двојно зголемени капиталните инвестиции во Македонија

 

Капиталните инвестиции во земјава во последните пет години бележат раст од по 20 проценти годишно. Во следната година проектираните капитални инвестиции во буџетот  се за 217 проценти поголеми од оние во 2005 година кога изнесувале 10,19 милијарди денари. 

Податоците покажуваат дека вкупните капитални инвестиции во 2010 изнесувале 15,33 милијарди денари, во 2011 година 17,71 милијарда, во 2012 биле 18,76 милијарди и оваа 24,5 милијарди денари. Растот на капиталните инвестиции во 2010 година во однос на 2005 е 50 проценти, во 2011 година 74 проценти и во 2012 во однос на 2005 за 84 проценти.

Следната година од вкупните капитални инвестиции во патната и железничката инфраструктура ќе се инвестираат 13,214 милијарди денари и во однос на 2005 година кога изнесувале 2,251 милијарда денари бележат зголемување од 487 проценти. Годинава инвестициите во патната и железничката инфраструктура се во износ од 8,496 милијарди и во однос на 2005 година бележат зголемување од 277 проценти. Лани инвестициите во патната и железничката инфраструктура биле 4.364 милијарди.

Капиталните инвестиции во образованието се зголемени. За следната година се предвидени средства во износ од 2,4 милијарди денари, додека здравството е исто така една од гранките со раст на инвестициите.  Следната година предвидени се средства во износ од 1,9 милијарди денари за изградба на јавни здравствени установи, меѓу кои Клиниката во Скопје и во Штип. 

Капиталните инвестиции вкупно следната година во однос на оваа бележат раст од 20 проценти. 

25.09.2013 - 10:55
Фото: 
Нетпрес