Рускиот академик Амосов со оваа мешавина ги лечел пациентите после операција: Витаминска бомба за организмот
Пастата на рускиот академик Амосов е вистинска витаминско-минерална бомба. Оваа мешавина е вистинско складиште на витамини и микроелементи. Академик Амосов ја препорачувал на постоперативни пациенти оваа здрава мешавина за брзо опоравување на организмот. Исклучително е корисна и за здравите луѓе.
Пастата го надокнадува дефицитот на витамини, посебно во зимскиот период, сезони на грип и настинки. Оваа смеса е исто така добра и за јакнење на кардиоваскуларниот систем и за јакнење на имунитетот.
Состојќи кои ви требаат:
-По 200 грама суво грозје, суви кајсии, суви смокви, ореви, мед и еден лимон со кора.
Подготовка: Сите состојки ситно исецкајте ги или измелете ги на машина за месо, додајте мед, измешајте и ставете ги во тегла. Чувајте во фрижидер.
Земајте по една супена лажица, два пати дневно. Наутро на празен стомак, и навечер пред спиење, со шолја топла вода или млеко.
За деца (не помали од 3-4 години) - по една кафена лажичка, на ист начин.
Пред подготовка на оваа смеса: Повеќето овошја пред сушењето се третираат со одредени хемикалии поради долготрајност. Задолжително добро измијте ги пред да ги конзумирате.
По правило, сувото овошје треда да се стави во сад со зовриена и изладена вода преку ноќ. Наутро, водата процедете ја а овошјето повторно измијте го под силен млаз вода и оставете го да се исуши.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа