Киднапирал жена и украл камион само за да види како изгледа GTA во живо

 

Студентот на Универзитетот Обурн од Алабама,Захари Бурџис, ги испомешал границите помеѓу реалноста и виртуелноста.

Тој минатиот викенд бил во Батон Руж, заради фудбалскиот натпревар на студентските тимови „Обурн“ и ЛСУ. Обидувајќи се популарната игра „Grand Theft Auto“ да ја изведе во реалност, тој украл камион,грабнал жена и уништил девет паркирани возила.

Тој е Обвинет е за кражба возила,  нанесена штета на други возила (девет точки на обвинение), бегство и киднапирање. Пуштен е во неделата со кауција. Во инцидентот за среќа немало повредени.

Како што соопштила полицијата Захари во текот на испитувањето рекол дека сакал да види како би изгледало играта „Grand Theft Auto“ да ја преточи во реалност.

 

„Grand Theft Auto“ е една од најпродаваните видео игри на сите времиња и игра која има заработено најмногу. Во неа дејствието е сместено во измислен град каде играчите напредуваат низ нивоата и имаат споредни мисии кои вклучуваат разни илегални дејствија.

25.09.2013 - 10:22

најчитано сега