Земјотресот во Пакистан усмрти 208 лица

 

По вчерашниот силен земјотрес што ја погоди  западната пакистанска провинција Белуџистан, бројот на загинати достигна до 208 лица, додека пак бројката на повредени е 373 лица.

Најголемиот број од жртвите во земјотресот се од градот Араван и неговата околина кај што беше епицентарот на потресот.

Во градот Аваран окјолу 30 проценти од зградите и куќите се урнати, додека пак останатите градби во градот се делумно оштетени.

Вчерашниот земјотрес бил почувствуван со послаб интензитет и во индискиот главен град Њу Делхи.

Оваа година, овој земјотрес е втор посилен од оној во април, во кој загинаа над 40 лица, додека пак најсилниот и најкастарофален земјотрес во историјата на Пакистан во 2005 година одзема 74.000 животи.

25.09.2013 - 10:17

најчитано сега