Дискриминација на жените во 15 земји во светот

 

Како што соопштува Светската банка во најмалку 15 земји во светот, мажите имаат законско право да им забранат на своите сопруги да се вработат.

„ Многу општества постигнаа развој, укинувајќи ги строгите облици на дискриминација на жените. Но, се уште многу работи што треба да се направат,“ изјави претседателот на Светска банка, Џим Јонг Ким, претставувајќи го извештајот за еднаквост на половите во светот на бизнисот.

Извештајот е составен од 143 земји, а 15 од нив, меѓу кои Иран, Сирија, Боливија и Габон, им даваат право на мажите да им забранат на своите сопруги да бараат работа. Покрај тоа во 79 држави со закон е пропишано кои работи жените може да ги извршуваат.

 На крај се додава и дека најголемите забрани кои се однесуваат на вработување на жената се забележани во Источна Европа и Централна Азија.

25.09.2013 - 10:03

најчитано сега