Викенд временска: Најстудено утро од почеток на годината, потоа се се менува

Времето денеска, според УХМР, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе се движи од 6 до 12 степени.

Под влијание на влажен бран утре попладне и во текот на ноќта кон недела ќе има повремени врнежи од дожд, особено во западните подрачја. На планините врнежите ќе бидат од снег. Во недела во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Нови врнежи се очекуваат во текот на ноќта и во понеделник кога поради спуштање на постуден воздух од север на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а во некои пониски места од дожд и снег. На планините ќе се формира нова снежна покривка.

Инаку ова утро е најстудено со зимерени -10 степени во берово и -8 во Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.12.2018 - 08:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега