Најдобар кулинарски трик за совршено сочно месо - вака нема да биде жилаво и суво
Ништо не може да го уништи расположението како тврдо и жилаво парче месо на кое сте потрошиле доста време и труд за подготвка.
Тоа може да им се случи и на најдобрите од нас. Во секој случај, ако купите вакво парче месо не значи дека треба да очајувате и да го фрлите. Постојат методи со кои месото може да го направите меко и сочно, без да помине цела ноќ во маринада.
Употребете чекан за месо
Чукањето на месото со чекан е изненадувачки ефикасен начин за да го омекнете. Недостаток е тоа што всушност ако премногу го истенчите, можете да го претворите месото во каша. Затоа внимателно користете го чеканот за месо и имајте на ум дека со повторување се доведува до совршенство.
Маринирајте го со киселина
Киселините можат да помогнат да се омекне тврдото месо. Потопувањето на месото во маринада од сок од лимон или лимета, оцет или јогурт може да помогне да омекнат тврдите протеини. Клучот е да не го оставате месото во маринадата премногу долго, бидејќи киселините може премногу да ја ослабнат структурата на протеините на месото и да го направат премногу меко и кашесто. Оставете го од 30 минути до два часа, но периодично проверувајте го месото и не дозволувајте да почне да изгледа како готвено околу рабовите, бидејќи тоа значи дека премногу долго сте го маринирале.
Маринирајте го со ензими
Некои овошја како што се папајата, ананасот и кивите содржат ензими кои го помагаат омекнувањето на месото. Направете пире од овие плодови и додадете некои од вашите омилени зачини за да направите маринада која ќе го направи вашето месо сочно и меко. И тука внимавајте да не го оставите месото премногу долго во маринадата.
Посолете го
Посолете го месото со поголема количина на сол и оставете го да отстои еден до два часа пред да го готвите. Ова е ефикасен начин да омекнат тврдите мускулни влакна, без да го потопувате месото во маринада. Пред да го готвите, само исплакнете ја солта, исушете го месото и ставете го на загреана тава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа