Упасени високи царински службеници во БиХ
Денеска полицијата во Босна и Херцеговина уапси неколку високи царински службеници под обвинение за царински измами, затајување данок и перење на пари во вредност од милиони евра.
Од босанското обвинителство објавија дека операцијата е дел од голема акција против корупцијата и организираниот криминал, фокусирана на државните службеници.
Досега се уапсени 10 лица, вклучително неколку цариници, кои земале поткуп за пропуштање камиони на одредени компании при влез во земјата без да плаќаат данок за стоките што ги пренесуваат.
24.09.2013 - 16:16