Дома криеле цел арсенал оружје - детали за пукањето во Тетово
Пет лица се лишени од слобода и одземено е поголемо количество муниција и друга опрема во активностите за расчистување на случајот со вооружената престрелка изминатиот петок на булеварот Маршал Тито во Тетово, информираа од СВР Тетово.
Според полициските податоци, при претрес на домот и помошните простории на И.М.(34) од Лавце, извршен вчера со судска наредба, биле пронајдени четири рамки со вкупно 114 куршуми калибар 7,62 милиметри, два заштитни панцирни елеци, мобилен телефон и пластифицирана налепница со натпис на агенција за обезбедување.
Се што било пронајдено е фотодокументирано и одземено за вештачење, а И.М. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување на случајот.
Покрај И.М. вчера поради сомнение за вмешаност во истиот вооружен инцидентот од петокот биле лишени од слобода и Б.И.( 35 ), Е.М.(38 ),Х.К.(41 ) и Н.М.(34 ), четворицата од Тетово.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа