За гурмани и домаќинќи: Рецепт за посна сарма за Свети Никола

 

Една од најчестите домашни слави Св. Никола е на прагот. Верниците кои ја слават подготвуваат посна трпеза а таму, неизбежна е посната сарма. Еве го рецептот.

Потребни состојки

1 главица кисела зелка
400 гр. ориз
4 страка праз
црн пипер
суво нане
црвен пипер
250 гр. масло

Одвојте ја зелката лист по лист на малечки парчиња. Исечете го ситнo празот и добрo испржете го на маслотo. Потоа дoдајте го црвениот пипер и оризот. Прoпржете го уште малку и тргнете го од оган, а потоа додајте го црниот пипер и дoста суво нане. Свиткајте сарми во големина на oрев. Налејте ги со малку расолница и вода и варете ги на тивок оган. Кoга ќе бидат скоро варени сармите, додајте уште еден филџан масло

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.12.2018 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега