Народната канцеларија на Иванов во Тетово продадена во 2015 - државата плаќа кирија

 

Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов која во февруари 2011 година беше отворена во Тетово на улица Борис Кидриќ, ламела 54, кула 1 е продадена во 2015 година преку Акционерското друштво за стопанисување со деловен простор во државна сопственост, пренесе СДК.МК.

Пред продажбата Владата не донела одлука дека на Кабинетот на Претседателот му престанува правото на времено користење на просторот, па добива право на времено користење без надомест на деловни простории во Тетово за отворање народни канцеларии. 

- „Пред да се изврши продажбата на деловниот простор Владата нема донесено одлука за престанок на користење на недвижна ствар од страна на Кабинетот на Претседателот согласно Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост. Поради потребата од натамошно користење на деловниот простор за потребите на народната канцеларија во Тетово, почнувајќи од октомври 2016 година Кабинетот плаќа закупнина за користење на наведениот простор врз основа на закуп склучен со физичко лице, кое е сопственик“, стои во ревизорскиот извештај.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.12.2018 - 08:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега