Генералниот секретар на НАТО го осуди нападот во Најроби

 

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмунсен остро го осуди терористичкиот напад во Најроби во кој беа убиени над 60 луѓе и ранети околу 200.

Расмунсен изрази сочувство до семејствата на жртвите и сочувство до народот и Владата на Кенија.

– Такви пројави на терор се закана за сите нас и не може да бидат оправдани, нагласува тој во пораката, јави БТА.

Исламистичката група Ал Шабаб која е поврзана со Ал Каеда ја превзеде одговорноста за нападот .  Членовите на групата тврдат дека нападот врз трговскиот центар во Најроби е „одмазда за крминалот“ извршен од кениската армија во Сомалија заедно со силите на Африканската унија.

24.09.2013 - 15:15

најчитано сега