Се бори со бактеријата отпорна на некои лекови – Консумирајте ја во секој облик

 

Брусницата е здрава билка која помага за многу проблеми и болести и низ годините го има покажано своето благотворно дејство кај човекот.

Без разлика дали ја консумирате свежа, замрзната, како сок или чај, брусницата е богата со витамини. Таа помага за подобрување на видот, подобро здравје на забите, како и намалување на шеќерот во крвта.

Се бори успешно и со хеликобактери пилори, опасната бактерија која го напаѓа желудникот и може да предизвика и чир. Оваа бактерија е отпорна на некои антибиотици, а брусницата е еден од ретките плодови кои помагаат во уништувањето на оваа бактерија.

Брусницата помага за сите инфекции, болки и проблеми со уринарниот тракт, а особено е корисна за жените.

Помага за заштита на бубрезите, но и за луѓе кои патат од реума. Користете ја почесто и ќе ги почувствувате на себе сите благодети на брусницата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.12.2018 - 22:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега