Заев за Хазби Лика: Не можам да бидам задоволен од човек кој понекогаш доаѓа на работа
Не можам да бидам задоволен од човек кој понекогаш иде на работа, понекогаш не доаѓа, кажа премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање, во врска со вицепремиерот Хазби Лика, за кој се шират информации дека ќе биде сменет со владината реконструкција.
-Тој доаѓа понекогаш на работа и процесите течат, но бил повеќе задоволен ако постојано бидеме сите на работа и ги сервисираме потребите на граѓаните – вели Заев.
Премиерот кажа дека е задоволен од Крешник Бектеши, но дека за сега не е воопшто разговарано меѓу владините коалиционери за смена на министрите.
-Нормално е партиите да сакат да повлечат свои кандидати, но очекувам аргументи и за Бектеши и Хазби Лика. Немам барање од нивната партија, до сега не е разговарано на таа тема – рече Заев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа