Се менуваат температурите - УХМР со најава
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, поголема во западните делови од земајва, информираат синоптичарите.
Од УХМР велат дека по котлините ќе има услови за појава на магла, а преку денот ќе дува слаб југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во наредните неколку дена времето ќе биде претежно стабилно со умерена до значителна облачност и со појава на магла по котлините. Во западните делови ќе има услови за слаб локален дожд, особено во вторник кога и облачноста ќе биде зголемена, а дневната температура до средината на следната недела ќе биде во постепен пораст, информираат од УХМР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа