Вдовицата на Оливер Ивановиќ: Ми се закануваат со смрт, добивам ужасни пораки
Милена Ивановиќ вели дека ниту десет месеци после убиството на сопругот и лидерот на СДП Оливер Ивановиќ таа и нејзиниот 7-годишен син Богдан немаат мир. Добиваат заканувачки пораки, полни со навреди што пријавила кај надлежните органи. Истовремено, ја вознемирува и напнатата акција на приштинската полиција, која во петокот уапси 4 Срби поради наводната вмешаност во атентатот на нејзиниот сопруг.
Во понеделникот е приведена Силвана Арсовиќ, секретарката на Оливер, која инаку била еден од неговите најдоверителни пријатели.
-Чекам информација за Силвана. Таа е на испитување во обвинителството во Приштина. Ѝ одредиле притвор од 48 часа. Се надевам дека ќе биде добро и дека наскоро ќе биде пуштена на слбоода, дека ќе може да оди дома кај својот син. Таа е самохрана мајка на малолетно дете. Нејзиното приведување е скандалозен чин. Силвана беше еден од најискрените пријатели на Оливер - вели Милена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа