Еден знак ќе има тежок ден пред себе - хоросскоп за денеска
Ова е хороскопот за 28. Ноември.
ОВЕН
Работа: Во оваа недела влеговте малку нервозни, затоа што сте си поставиле високи цели. Вие сте Овен, сконцентрирани сте на резултати, што е нормално. Ќе почувствувате олеснување после успешните преговори.
Љубов: Од оној кој е крај вас очекувате безрезервна поддршка. Особено кога се во прашање работи кои ве мачат. Тоа може да ви создаде притисок.
Здравје: Проблеми со грбот и вратот.
БИК
Работа: Не сте некој кој може да се подготви брзо за нов почеток. Потребна ви е помош. Помошта барајте ја во брзите знаци како Близнаци, Вага, Водолија.
Љубов: Добар ден за оние кои сакаат да го менуваат партнерот и неговите ставови.
Здравје: Многу сте нервозни.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Потребно е да ги искористите новите идеи кои ви се пружаат. Вие сте личност која може да направи се што другите не се способни.
Љубов: Во љубовта сте вистински „виртуоз“, заводник. Без разлика дали сте женско или машко. Сензуалноста ја ставате на прво место.
Здравје: Расположени сте, но повеќе движете се.
РАК
Работа: Мислите за сè. Обврските ги примате секогаш лесно. Тешко ги спроведувате во дело, но, сепак, завршувате сè што треба.
Љубов: Понекогаш сакате повеќе да флертувате, иако имате потреба за долга врска. Ве мачи несигурност.
Здравје: Поради претерување на работа, можен пад на имунитетот.
ЛАВ
Работа: Дали сте свесни дека некој друг ќе ви го земе местото ако сте премногу затворени и егоистични?
Љубов: Уживајте во ноќните излегувања или отпатувајте некаде каде што ќе најдете мир.
Здравје: Водете сметка на исхраната.
ДЕВИЦА
Работа: Имате добра енергија доколку работите во професии врзани за услуги, посебно со храна. Немојте да размислувате премногу за пари.
Љубов: Потребно ви е да имате сигурност, разбирање со партнерот. Добар однос имате со Вага.
Здравје: Потребен ви е спорт, движење.
ВАГА
Работа: Брзината ве доведува во непријатна ситуација, што ви носи дополнителни проблеми. Ладна глава секогаш ефикасно размислува.
Љубов: Емоциите работат, вие им се препуштате. Нежни сте.
Здравје: Позитивната енергија денеска добро ве служи.
ШКОРПИЈА
Работа: Бурен ден, полно нови идеи кои треба да се изработат и да се постават на место. Некои сакаат посебно да се истакнат.
Љубов: Сакате слобода, помалку сте бунтовни во исполнувањето на своите желби. Проблем со долги врски.
Здравје: Читајте убава книга со миризливи стапчиња и размислувајте позитивно.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Имате моќ да ги убедите другите дека вашите идеи се вистинските и дека би требало да бидат прифатени без приговори. Брзо напредувате.
Љубов: Интелектот ви е пред емоциите денеска. Слобода ви е потребна. Кој не разбира, полошо за него.
Здравје: Потребна ви е масажа.
ЈАРЕЦ
Работа: Може да се случи да дојде до „пукнатина“ меѓу вашите цели и она што сте го изработиле за други. Понекогаш е во ред да се помогне на другите да ја остварат својата цел.
Љубов: Одалечени сте од партнерот и од пријателите. Сите се дружат, а вие ги барате вашите четири ѕида и не сакате никој да ве повикува. Не сте разположени за разговори.
Здравје: Нервоза. Ќе ви годи јога или прошетка.
ВОДОЛИЈА
Работа: Почна нов ден, а вие сте извадиле на виделина некои неконвенционални идеи и мислења од кои сите се „тресат“. Сепак, вие сте пред другите. Ова е 21-ви век.
Љубов: Супер се чувствувате и барајте од партнерот да ве изненади.
Здравје: Чувајте се од повреди.
РИБИ
Работа: Импулсивни сте. Соработниците се изненадени. Не знаат што да очекуваат од вас.
Љубов: Сакате промена на емотивен план. Ќе добиете информации од пријател кој ќе ве изненадат. Немојте им придавајте значање.
Здравје: Висок притисок.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа