ФОТО: Поранешниот сопруг на Калиопи и дојде на концерт - во прв ред седна со сопругата
Изминатата недела нашата пејачка Калиопи пееше пред преполниот Сава центар во Белград, а на концертот дојдоа голем број познати личности, пишува српски Блиц.
Меѓу нив и нејзиниот поранешен сопруг Ромео Грил со сопругата.
- Не доаѓам како поранешен сопруг, туку како продуцент. Калиопи е голем уметник, пред се. Едно е да бидеш само пејач, а таа е нешто друго, искаткува Ромео кој во првиот ред седеше со сопругата која очигледно ги избегнуваше камерите и фотографите.
28.11.2018 - 09:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа