Славните српски пејачки имале тежок живот: Татко алкохоличар, брат кој починал и мајка болна од рак
Флорија Арадиновиќ е мајка на двете познати српски пејачки Инди и Едита. Семејството преживеало вистински пекол во минатото.
Таа го загубила синот, преживеала карцином на дојката, а се развела и од сопругот алкохоличар.
Таа пред да ги роди пејачките родила син кој имал Даунов синдром и починал на 21. година, а тоа оставило голема трага која не се брише од нивниот живот.
- Не знаеше да оди, јаде, ниту дека постои. Некогаш беше тежок, некогаш насилен, некогаш позитивен. Тешко беше да се гледа беспомошен, но мајка ми, татко ми и нас сестрите не препознаваше, рече во една прилика Инди.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа