Синот на Шумахер донесе важна одлука

 

Синот на легендата и седумкратниот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, Мик Шумахер следната сезона ќе вози во Формула 2, продолжувајќи го партнерството со тимот „Према“.

Деветнаесетгодишниот Мик оствари осум победи во сезоната 2018 – двојно повеќе од најблискиот конкурент во автомобилските серии – Дан Тиктам.

Мик беше меѓу гледачите за време на последната трка во Ф2 во Абу Даби за време на викендот, а од четврток до сабота ќе го тестира автомобилот на „Према“ на „Јас Марина“.

– Мислам дека ова е логичен чекор на мојот пат, бидејќи сакам да продолжам да го подобрувам моето техничко искуство и моите пилотски вештини, рече Мик.

Токму од „Према“ во Формула 1 влегоа двајца од најголемите таленти во шампионатот во моментов – Пјер Гасли, кој догодина ќе вози за Ред Бул, и Шарл Леклер, кој следната сезона ќе биде колега на Себастијан Фетел во Ферари. Овие двајца пилоти беа шампиони со „Према“ во ГП2 и Формула 2.

Оваа година, сепак тимот заврши само на петтото место кај конструкторите, а најуспешниот пилот – Ник де Врис ја заврши сезоната четврти. Неговиот тимски колега, Шон Гелел, кој беше тест-возач за Торо Росо, беше само 15-ти во вкупниот пласман.

Гелел веќе ја изрази својата желба да продолжи со соработката со тимот следната година и веројатно тоа ќе стане реалност, додека Де Врис ќе се пресели во нов тим од Формула 2.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.11.2018 - 16:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега