Адвокатот на обвинетите за Саздо: Извештајот за вештачењето за смртта направен без искази на сведоците

Вештачењето е составено од 2 елемента, наод и опсервација на сите докази, од кои потоа произлегува мислење и заклучок кои го даваат оние што го изработуваат вештачењето. Во конкретната ситуација докторот потврди дека при доставување на материјалните докази од Јавното обвинителство не биле доставени двата искази на сведоците очевидци, Катерина Николовска и Миле Алексовски, кои биле дадени на 10 јули 2018 година, а наредбата за изработка на тој писмен извештај од вештачењето е дадена дури 3 дена подоцна.

Ова денеска го изјави Асмир Алиспахиќ, адвокатот на еден од обвинетите за смртта 20-годишниот Никола Саздовски.

 

Видео: макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.11.2018 - 16:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега