Харадинај раскажа како ја запросил сопругата Анита - многумина му замерија за ова
Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај и неговата сопруга Анита не можат да одлеат, а од време на време да не се појават во некој таблоид или забавна емисија, за да зборуваат за својата приватност.
Во една емисија на ТВ Клан, премиерот одговарал на многу прашања, а исто така опишал како ја запросил неговата сопруга.
Тој кажал дека немало ништо спектакуларно, туку наједноставно ја прашал дали ќе се омажи за него. На тоа се надоврзала и Анита, која рекла дека тој дури не ни клчекнал пред неа, туку стоејќи ја прашал. Се чини дека на Анита тоа не ѝ пречело, па прифатила да стане сопруга на тогашниот иден премиер.
Парот има три деца - Гјинија, Хана и Трим.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа