Одморот и се претвори во пекол: Јелена Томашевиќ доживеа голема непријатност на Занзибар
Српската пејачка Јелена Томашевиќ замина на одмор во Занзибар, со цел да ги наполни батериите после цела година напорна работа, но нејзиниот одмор се претвори во една голема непријатност.
Имено, сите лични докмуенти на пејачката биле украдени.
Оваа вест ја соопшти м,акедонската пејачка Елена Петреска, која е уметнички директор на забавниот фестивал „Мел фест“ кој пред некој ден се одржа во Прилеп, а на кој требаше на настапи Томашевиќ.
„Јелена беше најавена како гост на „Мел фест“, за жал, не можеше да дојде. Информирани сме дека Томашевиќ била на Занзибар каде што доживеала голема непријатност поради која беше спречена да дојде во Прилеп. Имено, на Јелена и биле украдени документите и не може да патува додека не добие нови документи. Сепак, таа вети дека ќе се појави на некои од следните случувања поврзани со „Мел фест“, вели Елена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа