Откриена е причината за железничката несреќа во Франција

Причина за железничката несреќа што се случи во станицата во Бретињи сур Орж на 12 јули оваа година, при што загинаа седум лица, е  недостигот на една завртка. Ова го открил парискиот весник „Фигаро“  кој успеал да дојде до внатрешен документ на француската државна железница СНЦФ.

Спорен „Фигаро“внатрешната истрага на СНЦФ довела до заклучок дека биле забележани повеќе материјални пропусти на свртницата на пругата, што го предизвикало излегувањето на возот од шините. Според извештајот, во моментот кога се случила несреќата недостасувале еден од четирите шрафови на свртницата.Замената на свртницата, која има работен век од 25 години, била планирана за во 2016 година.

Во извештајот, кој е доставен до судските органи, се вели дека овај дел од пругара бил изложен на силни притисоци поради големиот број на возови и нивната брзина на тоа место. Покрај ова, на свртницата, „неодамна“ се скинале два шрафа, а третиот го немало „најверојатно подолго време“, па така само четвртата завртка служела како потпорна точка при пренасочување на шините.

Осум дена пред несреќата, на 4 јули, била извршена инспекција на свртницата, при што не бил забележан никаков проблем, освен нејзината нивелација, недостиг кој бил познат со години.

 

Истрагата треба да утврди дали завртката кој недостасува исчезнала меѓу 4 и 12 јули или инспекцијата не забележала дека ја нема.

24.09.2013 - 12:02

најчитано сега