Скопјанец се веселел пукајќи во воздух

Млад скопјанец заработи кривична пријава за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

25-годишниот  М.Н. од Скопје пред неколку денови на улицата „Пребондова“ испукал повеќе куршуми во воздух од автоматска пушка за време на семејна веселба.

Полицијата при извршениот претрес пронашла пушка со две рамки со 36 куршуми.

24.09.2013 - 11:52
Фото: 
Денешен

најчитано сега