Убиени шестмина напаѓачи во трговскиот центар во Најроби

Кениските безбедносни сили на Кенија убиле „шестмина од преостанатите напаѓачи“ во трговскиот центар во Најроби, соопшти денеска кениската телевизија.

Информацијата за убисвто на овие шестмина напаѓачи се уште не е потврдена.

Припадници на силите за безбедност претходно изјавија дека тројца од сите 10-15 лица, кои во саботата го нападнаа „Вестгејт мол“ во Најроби, се убиени.

- Состојбата во молот се држи под контрола, соопштуваат од владата.

Утринава од зградата се слушна престрелка, а двајца припадници на безбедносните сили изјавија дека зградата се уште се претресува.

24.09.2013 - 10:59