Лежела во автобус на граничен премин и се породувала - полицајците трчале од автобус до автобус
„Не ми е добро“ рекла на граничниот премин жената која во саботата пред полноќ патувала со сопругот, неговата маќеа и двегодишно дете со автобус од Тузла до Хмабург.
Меѓутоа, стигнала до граничниот премин Бреган, каде родила здраво девојче на автобуско седиште.
Автобусот на компанијата Транстурист Тузла стоел во колоната и чекал на контрола. Одеднаш од него излегла трудница и побарала помош.
Откако сите сфатиле дека се пораѓа, ѝ ослободиле место веднаш до возачот, а останатите патници се поместиле во задниот дел. Вработените на царина кои биле на смена веднаш почнале да одат од автобус до автобус за да бараат лекар, медицинска сестра или било кој од медицинската струка, кој би можел да помогне.
Имале среќа бидејќи во еден автобус имало жена гинеколог.
-Дојдов до автобусот, видов дека жената има трудови и дека ѝ пукнал воденикот. Лежеше на местото зад возачот и лелекаше. Ѝ кажав да не се грижи, да не паничи, дека јас сум лекар гинеколог и дека е во сигурни раце - раскажала д-р Шањуг.
-Се траеше 10 минути. Откако се роди детето, го замотавме во кебенце. Постелката ја ставив во ќеса, а папочната врвка која ја отсеков ја ставив во испеглана крпа. Понатаму ја презема Брзата помош - раскажала докторката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа