Македонската пејачка остана без пари - „Вечерта остана неплатена“

 

Македонската пејачка и диџеј Фани Христова на својот Фејсбук профил сподели своето немило искуство, кое го доживеала после настап.

Имено, таа не била платена од страна на сопственикот на локалот после нејзиното настапување.

-Во 17 години работа како диџеј сум благодарна што сум имала чест да ве гледам среќни на подиум, секогаш, се журкавме, растевме, сите заедно, јас со вас, вие со мене. Се сеќавам на сите ваши среќни лица… „Еј ама ми ја погоди песната“, „Кога доаѓаш пак?“ или „Со дечко ми се запознавме на твојата журка и веќе имаме две деца“… Сите тие работи се дел од мене и дел од сите вас. Но, за жал постојат места каде сопствениците не се свесни и за жал чесно завршената работа на крај на вечерта останува неплатена!, напиша револтирата Фани.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.11.2018 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега