Весна Бејби за новото момче: „Мора да оди на одобрување кај Џамбазов“
Македонската актерка Весна Бејби Петрушевска при своето гостување во емисијата „Еден на еден“ потврди дека има момче, но се пошегува дека не кажува детали за да не ја урочат.
Таа кажа дека заедно се веќе еден месец и дека е среќна. Исто така откри дека македонскиот шоумен Игор Џамбазов побарал партнерот на актерката да оди на одобрување кај него.
„Џамбазов ми се јави пред некој. И ми вика: Ааааааа не си го донела на одобрување. Сега ќе му го однесам на одобрување и ќе видиме што ќе каже. Којзнае што ќе му каже, обично ги преплашува луѓето. “ објасни Петрушевска.
21.11.2018 - 09:43
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа