На одмор ги снимиле најчудните суштества во водата: Изгледале како тролови во некој бизарен ритуал

 

Туристите кои уживале во бистрите води на Тајланд останале потполно зачудени кога наишле на суштества налик на Евокси на влезот во една пештера.

На видео снимката која ја направи Џемајл Каваја од Лондон се гледаат необичните суштества и навистина изгледаат како да не се од оваа планета, но навратиле да се одморат на карпите и да се опуштат во водата.

-Возевме кајаци околу Рејли беј на Тајланд. Тргнавме кон пештерите кога се соочивме со можеби најбизарната глетка која некогаш сме ја доживеале. Изгледаат како евок тролови кои учествувале во некој ритуал на вода, кој траел околу половина час, објави тој.

И додека многумина го коментираа видеото, дека станува збор за „доказ“ дека овие тролови всушност се реални суштества, откриено е за што навистина станува збор.

За се е „виновен“ норвешкиот уметник Вансе Троли кој е познат по необичните инсталации, а овие суштества се дел од неговата изложба.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.11.2018 - 23:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега