Додека читала вести дознала страшна вест - презентерката моментално го напуштила студиото
Една од најпознатите презентерки на вести Тања Раџеновиќ, неколку децении е заштитно лице на телевизијата „Пинк“.
Со оглед на тоа дека „Националниот дневник“ оди во живо, за време на вестите се случуваат и убави и помалку убави ситуации.
Водителката Тања открила како реагирала и се чувствувала кога во програм во живо дознала дека пријателот ѝ се самоубил.
- Донесоа вест во студиото, тоа беше прв и последен пат, се надевам. Како последна вест пред спорт, беше дека пријателот ми се убил. Беше адвокат, јас прочитав дека извршил самоубиство - рекла Тања и додала дека веднаш ја напуштила емисијата која одела во живо.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа