Нова драма во животот на Лазиќ - изби скандал во болница, сите се бесни на него
Пациентите во болницата во Земун, во која од 23. октомври се лекува српскиот пејач Дарко Лазиќ се бесни на него, но и на докторите, бидејќи скоро цел месец трае вонредната состојба во болницата. Откако Лазиќ е примен во болницата, познаници и обожаватели не престануваат да доаѓаат, што им пречи на докторите и на пациентите.
Пациентите се незадоволни и поради тоа што докторите повеќе внимание му посветуваат на повредениот Лазиќ, а оние со помали повреди се заобиколуваат.
На пациентите најмногу им пречи тоа што во болницата е константна гужва и што познаници на Лазиќ како и обожаватели почнале да го опседнуваат одделението на интензивна нега, па поради тоа одделението е заклучено.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа