Отпушете ги одводите засекогаш: Овој раствор топи сè пред себе
Доколку сакате да го исчистите својот одвод на природен начин, ви донесуваме рецепт за евтин чистач!
Ноќен кошмар, доколку живеете во стан, е да ви се запушат одводните цевки. За да избегнете такво хорор-сценарио, поплави, истекувања и останати непријатности, испробајте го овој едоставен трик.
За почеток ставете крпи околу запушениот одвод – било да се работи за лабаво, када, ве-це школка…
На местото каде е запушен одводот ставете шолја детергент за миење садови, а веднаш потоа ставете и кофа топла, поточно врела вода.
Нека овој раствор отстои 20 минути. Кога ќе помине ова време, нивото на водата треба да се врати во нормала.
Потоа ставете уште една кофа врела вода за да измиете.
Ако сакате, во смесата со детергент додајте и две лажици сода бикарбона, која ќе го засили ефектот и ќе ја олесни оваа непријатна работа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа