Ченто: Вратете ме во притвор, во вакво време чест е да бидете во затвор или убиен
Во Апелациониот суд во Скопје се одржа јавна седница за продолжувањето на притворот на обвинетиот Јане Ченто за настаните од 27 април минатата година во Собрание.
Обвинетиот Ченто пред тројцата судии Јани Нича, Цветанка Периќ и Сафет Кадрии рече дека го држат во притвор со copy/paste решенија и дека постојано го препишуваат само аргументот дека притвор се бара поради сериозноста на кривичното дело.
-Повеќе од 11 месеци сум во притвор. Не барам куќен притвор или слобода, моите браќа се во Шутка. Знам дека жалбата ќе ми ја одбиете и за тоа сум свесен! Вратете ме во Шутка. Во вакво време чест е да бидете во затвор или убиен, рече Ченто, а додека тој зборуваше неговата мајка не можеше да ги запре солзите, пренесува А1он.
-Со факти и докази не држите 11 месеци во притвор. Моите браќа се во Шутка. Неправедно ги држите во притвор, кажа правнукот на Ченто во судницата.
Обвинетиот рече дека му дале ископирано решение од други обвинети и дека судот не води сметка за фактите и доказите.
Ченто почна и дијалог со судиите кои го опоменаа да не говори за одбиената гаранција да се брани од слобода и да говори само за жалбата за притворот. Во судницата беа роднини на Ченто и неговата мајка која во солзи го слушаше нејзиниот син.
Ченто е еден од 33 обвинети за настаните од крвавиот четврток за загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа