Денеска топло од утре уште потопло - уживајте!

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Долж Повардарието и во источните делови од земјава ветерот постепено ќе се засилува.

Утринската температура ќе се движи од три до 13, а дневната од 21 до 28 степени.

Во Скопје слично време, со утринска температура до осум и дневна до 25 степени.

До крајот на недела времето ќе биде стабилно и суво, со пораст на дневната температура на воздухот, особено топло и сончево ќе биде во среда и четврток, кога температурата ќе се движи од 23 до 31 степен. 

24.09.2013 - 08:01