Внимавајте: Свинскиот грип ќе доминира оваа есен

 

Болните деца да се враќат од училиште, родителите да ја следат здравствената состојба на децата, а образовните институции да ја зголемат хигиената, препорачуваат од комисијата за заразни болести пред почетокот на сезоната на грип.

- Се препорачува децата да внимаваат повеќе на личната хигиена, да мијат раце пред консумација на храна, по одење во тоалет, да пијат вода од соодветен сад, а не од рака. Доколку некое дете кашла, кива, има температура, не се чувствува добро, треба да се пријави на класниот раководител. Се препорачува децата да јадат здрава храна, овошје, зеленчук, витамини и да избегнуваат консумација на брза храна, вели д-р Јованка Костовска, раководител на секторот за превентива при министерството за здравство.

И оваа година во Македонија се очекува да циркулираат 3-типа на вириси. Повторно ќе доминира свинскиот грип. Вакцинацијата ќе стартува кон средината на идниот месец. Набавени се околу 35.000 вакцини.

-Сите ризични групи (постари лица над 60 години, хронично болните, децата од шест месеци до 5 години, бремени жени и здравствени работници) кога ќе почне вакцинацијата против грип (од 10 до 15 октомври) веднаш да се вакцинираат и навреме да си го заштитат здравјето.додава д-р Костовска.

Што се однесува до западно нилската треска од која во соседна Србија оваа лето починаа 25 лица, во земјава нема заболени. Од 13 сомнителни случаи ниту еден не бил позитивен. Овој вирус пред околу 3 месеци беше потврден само кај една средовечна жена која успешно е излекувана.

23.09.2013 - 22:18

најчитано сега