Нов сообраќаен режим за намалување на метежот кај „Сити мол“

Општина Карпош во соработка со СВР Скопје почнува да поставува нова хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација низ сервисните улици во урбаната заедница Карпош 4.

Како што соопшти општина Карпош, целта е да се обезбеди полесен проток на сообраќајот и да се намали сообраќајниот метеж пред Трговскиот центар „Сити мол“.

– Овие промени се прават врз основа на сообраќаен проект за промена на режим на сообраќај на овој потег од општина Карпош. Така ќе се намалат проблемите во соообраќајот во овој фреквентен дел на Карпош, коj всушност претставува тесно грло и кое предизвикува метеж во повеќе периоди од денот, се вели во соопштението од општина Карпош.

 

 

 

14.11.2018 - 13:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега