Воведување стандарди за транспарентно собирање донации

 

Во организација на Центарот за институционалниот развој денеска се одржа трибина на тема „Мобилизација на граѓани и средства за промена во локалните заедници“.

Извршниот директор на ЦИРА Зоран Стојковски истакна дека иницијатор на воспоставувањето на стандардите се членките на „Southeast European Indigenous Grantmakers Network. Тие откако ќе бидат усвоени ќе се имплементираат во земјите од Западен Балкан.

- Многу тешко доаѓаме до информација колку пари се собрани на некоја манифестација а тоа е основата, ако јас сум донирал пари дали преку СМС или дирекна донација сакам да знам каде се парите, колку се собрале и за што се потрошени. Тоа е целта на овие стандарди што денеска ги промовираме, изјави Стојковски.

Претставник на фондацијата „Фокус“ од Велес смета дека потребно е воведување на предложените стандарди бидејќи за, како што кажа, има многу случаи каде што не се знае за што се прибираат средства, каде се трошат и случаи каде што примателот на средствата сака да остане анонимен.

 

23.09.2013 - 14:15
Фото: 
А1.он

најчитано сега