Вонредна седница во Собрание - ќе се преиспитува статусот на Груевски

Вонредна координација со потпретседателите на парламентот и со координаторите на пратеничките групи за разгледување на статусот на Никола Груевски како пратеник најавува спикерот Талат Џафери, откако поранешниот премиер објави дека пребегал во Унгарија.

-Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го пријавуваше досега Груевски како отсутен од седниците, што се смета како оправдано отсуство. Таков допис добив и пред почетокот на денешната седница. Но, откако Груевски објави дека е во бегство имаме нова ситуација. Нелогично е тој и натаму да се третира како оправдано отсутен и да ги најавува отсуствата во неговата пратеничка група, кога самиот објави дека не е во државата туку дека е во бегство, вели собранискиот спикер за Независен.

Џафери вели дека не може самостојно да донесе одлука за тоа и затоа ќе побрза да свика координација за прашањето во врска со отсуствата на Груевски.

 

 

 

13.11.2018 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега