Средношколецот прегазен на голем одмор во Штип е во кома - родителите денеска на протест

Петнаесетгодишното момче кое во петокот беше прегазено на булеварот „Гоце Делчев“ во Штип, се уште е во животна опасност. Момчето не е компатибилно и е приклучено на апарати, велат од штипската болница.

Родителите и граѓански активисти се организираат преку социјалните мрежи и повикуваат на протест денеска на пешачкиот премин каде беше прегазено момчето. Тие бараат да се изгради пешачки мост или да се постави лежечки полицаец на тој дел од булеварот.

 

Протестот ќе почне во 14 часот, а ќе заврши во 17 часот. Протестот ќе ја носи пораката „Преземето нешто, заштитете ги децата“. 

Да потсетиме, 15 -годишното момче беше прегазено од 68-годишен возач во петокот утрината, додека поминувало низ преминот со група ученици на голем одмор. По ударот тоа било влечено неколку метри од местото на несреќата.

 

 

 

12.11.2018 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега