Му се заканиле со нож за 1.700 денари - нападнат старец од Скопје

Во текот на вчерашниот ден неколку безмилосни скопјани нападнале 71-годишен старец.

Настанот се случил околу 18 часот на улицата „Нов Живот“ кога две непознати лица го пресретнале 71-годишниот М.М. и со закана со нож му одзеле 1.700 денари.

Полицијата по преземените мерки ги привела 24-годишниот А.Р. и 17-годишниот А.Р. кои ќе си заработат соодветна кривична пријава за делото кое го направиле.

23.09.2013 - 12:58

најчитано сега