Повторно одложено судењето на Јулија Тимошенко

Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко не се појави на своето судење, по што судот во Украина денеска повторно го одложи процесот.

Ова е 25-то одложување на судскиот порцес, кој Тимошенко го бојкотира од самиот почеток. Следното рочиште го закажаа за 25 октомври.

Тимошенко во овој процес е обвинета за затајување на данок и за незаконско присвојување.

Таа веќе издржува седумгодишна затворска казна под обвинениа за злоупотреба на службената положба. Доколку биде прогласена за виновна и во второто судење, поранешната премиерка може да добие и до 12 години затвор.

 

Случајот со Тимошенко предизвика остри меѓународни критики.

23.09.2013 - 12:14

најчитано сега