Мицевски: Ја укинуваме Република Македонија, Северна Македонија е нова творевина

 

Во Собранието денеска продолжи седницата на Комисијата за уставни прашања каде тече дискусијата за предложените амандмани.

Пратеникот Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ на почетокот на седницата изрази жалење што продолжува праксата во Собрание во исто време да бидат закажани неколклу сединици, поради што пратениците се спречени да присуствуваат на седницата за уставни прашања. Ова, според Мицевски, не е случајно, а и фактот што седницата не се пренесува во живо упатува на тоа дека власта не сака транспарентно да расправа за нацрт-амандманите.

Мицевсчки посочи дека според него ние сме единствена земја која се самоукинува, а предлагачот на амандманите односно Владата, само со еден нацрт амандман сака „Република Македонија“ да ја покрие со менувањето во „Северна“.

– Секоја промена мора да биде прецизно формулирана во амандманите, а не да се прави импровизација – потенцираше Мицевски.

Тој упати апел до пратениците добро да размислат пред да гласаат затоа што Република Македонија е таква каква што сме ја наследиле од нашите предци.

– Република Северна Македонија е нова творевина, а наше е да ја чуваме таква како што ни е оставена во наследство – порача Мицевски кој забележа дека во нацрт амандманите нема ништо за придавката „македонски“.

 

 

 

08.11.2018 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега