Досега легализирани 42 проценти од пријавените дивоградби во Гевгелија

Oд почетокот на примената на Законот за легализација на бесправни градби до денес се издадени решенија за легализација на 1.720 објекти, информираат од Секторот за урбанизам на општина Гевгелија.

Од страна на граѓаните и правните лица биле пријавени вкупно 4.120 објекти за легализација, така што според досега издадените решенија легализирани се 42 проценти од пријавените објекти. Процентот, информираат од Секторот, веројатно е поголем ако се има предвид дека меѓу пријавените градби има помошни и други објекти кои не подлежат на легализација.

Секторот за урбанизам ги потсетува граѓаните на Гевгелија кои поднеле барања за легализација а сеуште не доставиле елаборат, дека последниот рок за поднесување елаборати е месец јуни 2014-та година.

23.09.2013 - 10:15
Фото: 
vis.mk

најчитано сега