Не и е потребна "Евровизија" - Турција си организира своја "Турковизија"

И покрај тоа што Турција доживеа неколку успеси  на Евровизија, сепак од минатата година одлучи да не учествува.

Нема да се натпреварува ни во 2014 година туку ќе основа свое шоу - Турковизија, на кое ќе учествуваат близу 20 земји кои историски или културолошки се поврзани со Турција.Како што пишуваат медиумите и Босна и Херцеговина би можела да биде меѓу поканетите земји.

Турската јавна телевизија одлучи да го испроба истиот рецепт кои со години го користи Евровизија. Станува збор за проект кој е многу сличен на Евровизија, а идеата за основање на Турковизија дојде откако Турција одлучи да се повлече од престижното европско натпреварување за најдобра песна во Европа, затоа што не се согласуваат со начинот на кој се гласа и системот, според кој „четирите големи земји“ одат директно во финале.

Според  планираното, на Турковизија ќе учествуваат 20 земји меѓу кои се автономните региони и покраини, како Република Татаристан во Русија или Република Крим, која припаѓа во Украина. Своето учество го потврди Азербејџан, а ќе бидат поканети Северен Кипар, Казахстан, Киргистан.

 олуфиналето на Турковизија е планирано на 19 и 21 декември, додека големото финале ќе биде одржано на 23 декември во Ескишехир.

23.09.2013 - 10:17
Фото: 
А1.он

најчитано сега