Се враќала од училиште, заминала во смрт - МВР со детали за малолетничката која се удави

 

Околу 19,15 часот било пријавено дека во Гостивар, 17 годишнa девојка од село Здуње, гостиварско, бегајќи од кучиња-скитници, паднала во водите на реката Вардар во близина на мостот.

Веднаш по добивањето на пријавата, преземени се мерки за проноаѓање.

Во 22,30 часот девојката е пронајдена почината во близина на мостот во село Балиндол, гостиварско.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар издаде Наредба за обдукција на телото на 17-годишна девојка која беше пронајдена синоќа во водите на Вардар. Според првичните информации, девојчето враќајќи се од училиште, поминувало низ градскиот парк во Гостивар, каде била нападната од куче. Бегајќи од кучето, таа паднала во надојдените води на реката. Случајни минувачи се обиделе да и помогнат, но не успеале.

 

 

 

06.11.2018 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега