Дечињата од Аеродром ќе го одбележат Денот без автомобили

Децата од градинката „Срничка“ од општина Аеродром денеска со спортски и рекреативни игри на кејот од реката Вардар ќе го одбележат Денот без автомобили.

Како шшто информираат од Општина Аеродром, целта на оваа активност е на децата да им се пренесе пораката дека редовното одење во природа, дишењето чист воздух и рекреацијата, позитивно влијааат на нашето здравје.

Спортските активности се отворени и за другите заинтересирани деца кои сакаат да се забавуваат и рекреираат.

23.09.2013 - 08:35